Промени тема
Контакт

Заев ја донесе државата пред енергетски колапс, неизвесно е како ќе се снабдува државата со струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
01102021_PVRSM_Zaev_sredba-so-pretsedatelkata-na-Evropskiot-ekonomski-i-socijalen-komitet_4

„Заев првин ги испразни езерата кои сега тешко се полнат и нема доволно вода за производство од поголем обем. Потоа тој го упропасти РЕК, за да може да прават тендери го заглавија единствениот копач на јаглен во вода, јаглен речиси и да нема ископано, се бројат денови кога ќе снема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Власта не направи стратегија на полето на енергетиката. Капацитетите се на минимум и не можат да одговорат на потребите на државата во состојба на зимски период. Недостатокот на енергија веќе неколку пати се покрива со буквална кражба од европскиот систем, која како држава според директорот на МЕПСО за еден месец ќе не чини околу 15 милиони евра. 15 милиони евра се пари кои се половина од добивката на МЕПСО за една година, и тоа потрошени за еден месец. Со вакво темпо Заев ја загрозува и работата на МЕПСО. Власта нема план како понатаму. Заев ја става државата во сериозна криза. Заев нема капацитет да ја реши кризата. Заев и СДСМ треба да си заминат“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања