Заев: Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Темите за кои разговаравме беа претседателските избори и идниот тек на реформските закони кои се многу важни за граѓаните и датум за почеток на преговри со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

— реклама —

„На едни вакви разговори зборевме за сите елементи за фер, демократки избори. Разговаравме за теми важни за опозицијата. Разговараме за тоа што законот го предвидува, но разговаравме и за сите мониторинг мисии. Отворивме иницијатива да ги дополниме местата со мониторинг. Верувам во делот на предизборите, кампањата и изборниот процес. Она што го договоривме е штабовите да имаат комуникација“, изјави премиерот Заев.

Во однос на предлог законот за СЈО, Заев рече дека Катица Јанева и нејзиниот тим треба да продолжат со работата во рамките на јавното обвинителство, а „бомбите“ имаат свој лимит и крај, но не и материјалните докази.

— реклама —

„Драго ми е што опозицијата прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство. СЈО треба да се вгради во јавното обвинителство и да му седаде шанса овој капацитет да продолжи на чело со Јанева и целиот тим. Очекувам низ разговорите на работни групи да се постигнат услови, иднината на јавното обвинителство да има иднина на опстојвање. Ова е значаен дел од реформите. Во делот на она што значи иднина на јавното обвинителство, вградено во СЈО во системот на обвинителство на Република Македонија тоа треба да го направиме во соодветен период. Ние треба до крајот на месец март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме реформските закони“, рече премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања