Премиерот Зоран Заев денеска јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.
„Не само тие и ние сме подготвени за предвремени парламентарни избори, но нашиот став останува дека треба да чекаме на редовните избори. Ако има избори оваа есен на власт ќе остани оваа влада“, рече премиерот Зоран Заев.
Заев на средба ги покана Мицкоски, Ахмети и Села, а истата ја најави за во петок во 14 часот во Клубот на пратеници.
Тема на лидерската средба Заев предлага да бидат Законот за СЈО, Законот за попис и Изборниот законик.