„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев ќе ги смени оние кои не си ја завршиле работата, но нема да ги остави „без леб“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zoran-zaev-4-696x405

Премиерот Зоран Заев на изборна трибина во Куманово порача дека „метлата“ што претходно ја најави за функционерите кои не покажале резултати „ќе замете и кај власта и кај опозицијата“.

— реклама —

-Ред е и чесно е да се признае грешка. Не сме сјајни, ама сме отворени, чесни сме и транспаретни. Кога ќе не искритикуваат знаеме да се повлечеме и да прифатиме критика. На времето тоа не беше можно, рече премиерот и додаде дека целта со „метлата“ е секој  функционер, кој нема доволно трпение, кој се покажал дека не може да ги менаџира граѓаните, да се смени. Треба, истакна, сите да знаат дека секој оној кој не можел да ги слушне граѓаните,кој не си ја завршил својата работа и не испорачал резултати ќе го сменам. Оти ако не го направам тоа, ќе ме смени мене народот. И тоа е редот, но притоа никој на патот не го фрламе, никој нема да го оставам без леб.

— реклама —

Тој потенцира дека истовремено како што се однесува таа метла за власта, од СДСМ и сите други, метлата ќе фати и на друга страна оти, посочи, Заев вети дека нема да ја брка јавната администрација, и не ја бркаме.

– Договори каде завршија беа прекинати. Државната администрација 11 години беше полнета од ВМРО-ДПМНЕ. Не им фалеше влакно од главата. И сега Заев е добар, Заев е кроток, Заев е мирен, ама Заев со научен занает со метлата можам да им кажам дека ќе изметеме се и ќе сјае во Македонија. Ние сме добри луѓе, но не сме глупави и наивни. Почнаа списоци да прават како од времето на режимот, рече Заев.

Тој истакна дека воделе политики со кои се воделе од тоа  никој да не губи работно место за да се вработи друг бидејќи нема среќа на туѓа несреќа, но оти од друга страна имало кочење на процесите во држвата и опструкции на секој чекор.

– Треба да знаат дека нашата добрина ќе застане и оти секој мора да си ја завршува својата работа.Така што, метлата ќе замете тука кај власта, ама ќе замете и кај опозицијата затоа што пресериозни процеси се пред нас и ќе ги истераме, потенцира Заев.

Посочи  дека  очекува Антикорупциската комисија, која излезе минатата недела со укажувања за претставници на власта, оваа недела да излезе и за опозицијата, бидејќи, како што рече, тие беа пример за непотизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања