Јавноста во исчекување на најавената премиерска метла. Меѓу имињата се споменуваат министерката Мила Царовска која прво обелодени, а потоа ја повлече изјавата за аферата во фондот за ПИОМ, а на крај дури и се извини. Потоа министерката Рената Дескоска, која ја прошетаа од Министерството за образование во Министерствот за правда.
Дескоска е категорична дека нема намера да се врати во Министерството за образование и не знае дали ќе ја напушти нејзината функција во Министерството за правда.
Неофицијалните информациите говорат дека меѓу засегнатите од „метлата“ се и двајца скопски градоначалници од општини каде СДСМ освои значително помал број гласови од ВМРО ДПМНЕ. Според овие информации, станува збор за првите луѓе на општините Гази Баба и Кисела Вода. Се најавуваат смени и на поголем број директори во државни институции и јавни претпријатија.
Но, најчесто во јавноста се споменува името на министерот за здравство Венко Филипче. Него му се препишуваат повеќе пропусти откако е во седнат во министерската фотеља.
Скандалот со „Македонија лек“, компанија која дистрибуираше МРП вакцини со поминат рок, а потоа ги повлекуваше од употреба, секако откако голем број граѓани примија од истите, е првата причина. Овој скандал создаде недоверба кај граѓаните, кога во прашање е јавното здравство.
Морбилите, поради кои починаа деца и возрасни, како и немањето контрола на здравствените власти во борбата со оваа зараза е втората причина што може да го натера Заев да го собере Филипче со метлата. Поради ова мораше да се прогласи епидемија на ниво на цела држава.
Филипче пак по однос на ова прашање е категоричен дека деца без примена вакцина МРП нема да бидат примени во градинка и во училиште. На оваа изјава реагираа голем број родители, но и од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Тие велат дека ниту едно дете не смее да биде исклучено од образование, без оглед вакцинален статус. Образованието основно и средно е задолжително за сите, и никој не смее на децата да им го скрати ова право.
Покрај морбилите, медиумите пишуваат за хаосот кој валадее во здрвството и многу смртни случаи поради пропусти на медицинскиот кадар.
Ова се дел од забелешките кои јавноста му ги препишува на министерот Венко Филипче. А тој запрашан дали се чувствува загрозен од метлата, вели дека тоа е одлука на премиерот, но најави дека ќе има смени на оние кои се под него, директорите и раководителите во здравствените установи.