Заев кога те брани, криминалот се простува, нема затвор за Рашковски, велат од ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
raskovski

Одлуката да биде пуштен Драги Рашковски во домашен притвор е уште еден показател за заробениот правен систем од страна на Зоран Заев. Оваа одлука денес сама по себе е скандал, бидејќи покажува дека кога Заев те брани , тогаш криминалот се простува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Постои сериозна основа да се сомневаме дека Заев има вмешано прсти во ваквата одлука. Јавноста со право се сомнева и дека на овој начин може да се влијае врз сведоците и врз доказите, а со тоа и врз целиот судски процес.

— реклама —

Очигледно, како Заев свири, така судовите и обвинителството играат. Да потсетиме дека пред недела дена Заев изјави дека Рашковски не ја злоупотребил функцијата во случајот со набавката на софтвер и дека не верува во обвинението против него и денес гледаме како на Рашковски му се дозволува да биде во домашен, а не ефективен притвор.

Посебна приказна е висината на кауцијата од половина милион евра која Рашковски ја обезбедил, иако цел живот работи за плата исто како што е сомнителен и целиот имот кој што успеал да го стекне. Но тоа што сите го гледаат, судството кај нас не го гледа.

Ова е причина плус зашто мора да замине Заев од власт.

4 години власт на Заев се 4 изгубени години

Доста е!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања