Заев, Ковачевски и СДСМ сакаат да ја продадат АД Славија за 100 пати помалку од нејзината вредност, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-21-170657

СДСМ е синоним за раскрчмување на државниот имот по багателни суми. Кога СДСМ е на власт секогаш имаме распродажба на имотот на граѓаните, така беше и со мрачната транзиција, така е и овие 4 години, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Зоран Заев, Димитар Ковачевски и СДСМ сакаат да го продадат целиот имот на АД Славија кои вреди повеќе од 20 милиони евра, за само 218 илјади евра. 100 пати помалку од моменталната реална вредност на акционерското друштво Славија.

— реклама —

Тотално лудило на оваа криминална власт предводена од Зоран Заев и неговиот пиун Димитар Ковачевски.

— реклама —

Дека АД Славија вреди далеку повеќе од онаа вредност за која сакаат криминалците од власта да ја продадат говори и фактот дека АД Славија пријавува приходи на годишно ниво од над 800 илјади евра.

Или поточно АД Славија на месечно ниво има приходи од над 70 илјади евра, додека пак на моменталното салдо на акционерското друштво има повеќе од 100 илјади евра.

Власта бескруполозно лаже дека долгот на АД Славија е повеќе од 17 милиони евра. Јасно може да се види од документите кои се јавно достапни дека долгот на АД Славија е нешто повеќе од 4 милиони евра.

И покрај ваквата моментална состојба, вредноста на имотот на ова акционерско друштво е над 20 милиони евра.

Криминалната власт на СДСМ треба веднаш да ја стопираат продажбата на АД Славија, бидејќи фирмата приходува и книжи добивка на годишно ниво и има имот во вредност од над 20 милиони евра.

Одговорност за овој грабеж, кој е ист како во транзицијата од 90-тите, мора да ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања