Промени тема
Контакт

Заев: МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската државна секретарка Закаријаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-4

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни.

— реклама —

– Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик“. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение за решение со Бугарија.

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека по парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе се најде решение за бугарското вето и за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Дел од медимите пренесоа и дека изјавала оти во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.

— реклама —

извор: MИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања