Промени тема
Контакт

Заев: Можна е инвестиција на Facebook и Google во Македонија, ако е извесно членството во НАТО и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
zaev-sobranie-1

„Колку сте задоволен од инвестицијата на интернет гигантите Facebook и Google во Македонија“? Запраша иронично на денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„На 12 септември 2017 година на 24 вести изјавивте дека директно работите со овие две мултинационални компании, дека за разлика од Швајцарија и Ирска кои им бараат данок на добивка од 23 проценти, односно 19 проценти вие им нудите данок на добивка од 3 проценти и дека истите ќе дојдат во Македонија со 30 милијарди евра добивка. Три дена подоцна во Топ Тема кажавте дека сте во напредна фаза на преговори со Фејсбук и Гугл, а на 19 септември имавте средба со господинот Коен еден од директорите на овие компании, по што изјавивте дека сте поставиле добри основи за соработка и инвестирање во Македонија. Моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на најавените инвестиции на Фејсбук и Гугл во Република Македонија“, праша Милошоски.

Заев одговори дека инвестициите на Фејсбук и Гугл се посакувани во секоја земја, но дека таквите инвестиции зависат од извесноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО:

— реклама —

„Верувам дека таква инвестиција можно е да се рализира во Македонија. Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и ЕУ, почнуваме со скринингот и разговори. Ова е извесна можност да се случи во Македонија, ќе продолжиме да разговараме и кога ќе имаме нешто конкретно ќе го соопштиме. Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ , рече Заев.

— реклама —

Милошоски, незадоволен од одговорот, го обвини Заев дека Владата ширела лажна пропаганда и лажни ветувања, и дека кога ги најавувал инвестициите премиерот не спомнал ништо за членството во ЕУ и НАТО. Според Милошоски, Владата работи единствено на тоа да создаде привид дека работи, а членството во овие организации го користи само како алиби за својот неуспех. „Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови – тоа е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук“, заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања