Промени тема
Контакт

Заев: На граѓаните не им е доволен извештајот, тие чекаат Европа да ја исполни својата задача

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zoran-zaev-izjava

Премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата изјави дека за две години успеале да ги затворат сите отворени прашања и да го сочуваат македонскиот идентитет.

-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет, рече Заев.

— реклама —

Toj посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период и Заев нагласи дека сега граѓаните на  Македонија и Владата чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори.

Задачите што ги исполни Владата, рече премиерот, донесоа суштински промени: ослободување на државата од заробеност, процес на деинсталација на режим и интеграција на земјата како пример кој блеска на Балканот.

— реклама —

– Барем така велат европјаните во најновиот Извештај за напредокот на нашата земја, но Извештајот не е доволен за граѓаните на Македонија. Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во Македонија се Европјани. Европјаните од Македонија и Владата на Македонија чекаат јасен потег од Европската унија, потенцираше Заев.

— реклама —

На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата, што се уште е во тек, се обратија и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања