„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев најави намалување на ДДВ – то за парното греење од 18% на 5%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
parno

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, Марко Бислимоски, како и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска присуствуваа на состанокот на Интер-ресорската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот.

— реклама —

На состанокот, се разговараше за мерките за намалување на загадувањето на воздухот, односно Планот за чист воздух, којшто е стратешки приоритет на Владата и прашање од врвен интерес на граѓаните. Исто така стана збор за мерките и активностите коишто се преземени досега, но и за идните планови на сите инволвирани чинители во насока на намалување на загадувањето на воздухот.

По состанокот, во изјавата за медиумите, премиерот Заев изјави дека заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, со Министерството за финансии, со Регулаторната комисија за енергетика и со Градот Скопје, донесена е одлука да се намали данокот за додадена вредност за испорака на топлинска енергија, од 18% на дури 5%.

— реклама —

1vMMZUNbRFA

Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за од прилика 220 денари месечно, што е годишна заштеда од скоро над 2600 денари. И добро знаеме дека тоа не е единствената придобивка. Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглерод диоксид“, истакна Премиерот Заев.

Оваа мерка, како што рече Премиерот Заев има други ефекти од интерес за граѓаните.

„Ќе ги мотивира граѓаните да не се исклучуваат од системот на централно парно греење и ќе биде мотивација повторно да се вклучат околу 14.000 семејства кои од системот на централно парно греење се исклучени од 2012 година до сега. Во исто време очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства“, додаде Премиерот Заев.

Од почетокот на новата грејна сезона, со намалување на ДДВ за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, како што рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, се исполнува уште едно ветување коешто е инкорпорирано во Планот за чист воздух.

iAcu8eb1Htk

„Оваа мерка оди во правец на директивите коишто постојат во Европската Комисија од 2006-тата година, бидејќи централните топловодни системи во земјите на ЕУ, во САД, се една од најдобрите алатки за справување со аерозагадувањето“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Од регулаторната комисија за енергетика, пак, уште еднаш потсетија дека, од неодамна е укинат паушалот за граѓаните коишто се исклучени од системот на централно парно греење.

 

„Ние се приклучивме на оваа иницијатива за намалување на ДДВ од 18 на 5% за потрошувачите коишто се приклучени на топлинска енергија, како и за сите останати потрошувачи коишто се приклучени на дистрибутивните системи за природен гас. Понатака, во однос на приклучените потрошувачи за топлинска енергија, во текот на месец јули ќе донесеме нов тарифен систем за продажба на топлинска енергија, којшто ќе биде многу поедноставен од сегашниот. Накратко кажано, трошокот за ангажирана моќност повеќе како таков нема да постои“, образложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

3hlWhPhdVQg

„Со воведувањето повластената стапка на ДДВ очекуваме и ширење на топлификациската мрежа и приклучување на нови корисници кои во моментов користат други начини за затоплување“, истакна секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања