„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев најави помош од 6 милиони евра за спортот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Охрид е домаќин на Самитот на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа. На присутните спортски новинари и бројните гости топло добредојде им посака првиот човек на Охрид, градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, кој им посака добредојде на гостите и порача во името на целиот град, следната година бордот на директори на Асоцијацијата на спортски новинари од Југоисточна Европа да се одржи токму во Охрид.

— реклама —

— реклама —
- Ќе направиме се` да бидеме добри домаќини. Ви благодарам на сите пред се` заради овие млади деца кои се иднината на нашиот град и кои еден ден сигурно ќе бидат шампиони на Македонија во фудбал. Ја имаме најубавата и најперспективната екипа и вреди да се работи за сите овие деца. На сите им честитам на наградите. Тие луѓе многу направија за спортот, секој на свој начин. Секогаш сте добредојдени во овој космополитски град, уживајте во Охрид, истакна градоначалникот Стојаноски.

Исклучително е важно што ја избравте Република Македонија и преубавиот Охрид за овој настан, истакна во своето обраќање премиерот Зоран Заев.

- Политичарите се одговорни да дадат прилог за спортот. Приликата е важна и треба да се искористи да се гради пријателство и токму овде да се отвори дебата и да отворите нови перспективи во спортот. Да ги промовираме нашите нови преокупации поврзани со сортот. Владата на Република Македонија е силен поддржувач на спортот и ќе продолжиме и понатаму да го правиме тоа. Има новини што ги разработуваме со самиот почеток на 2019 година. Планирано е воведување на спортски ваучери и ќе влезат 6 милиони евра за помош на спортот во Република Македонија, истакна премиерот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања