„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-borisov-2

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку Бугарија стави вето за одржување на првата меѓувладина конференција што според најавите треба да се одржи за време на Германското претседателство со Европската Унија, односно најдоцна до крајот на годинава.

— реклама —

-Апсолутно не се согласувам со тезата дека треба да поднесам одговорност и да поднесам оставка, бидејќи во предизборието главно ветување ми било почеток на преговорите со Европската Унија. Главен аспект на кој беше насочена кампањата беше борбата против Ковид, новата македонска економија, прочистувањето на правосудството и владеење на правото во државата. Јас не дека ќе избегнам одговори во иднина за било кое прашање, но до последен момент верувам дека ќе успееме во преговорите за разликите со Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека и досега покажале сериозни успеси во договарањата и преговарањата и во напредокот на земјата.

— реклама —

-Денеска сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговори со ЕУ после 15 години. Како и да се спореди ова со претходните владеачки политички структури сепак сме светлосни години понапред од она што претставува алтернатива во нашата земја, потенцира Заев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања