Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Заев: „Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-121

Интервјуто  на премиерот Заев за грчка Алфа во кое тој вели дека сме ја присвојувале туѓата и балканска историја како своја предизивика силни реакции во јавноста.Токму поради тоа попладнено преку социјалната мрежа се огласи премиерот. Тој на ФБ напиша:

— реклама —

„Јас многу често и подолго време јавно говорам за злоупотребата на историјата во политички цели. Така беше и на интервјуто за грчката телевизија Алфа на која бев прашан и одговарав за минатите штетни политики на национализам и антиквизација.

— реклама —

Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години.

— реклама —

Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во мемдиумска офанзива да оправдаат идентитетски инжинеринг.

Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инжинеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен.

Спроведоа масивна и масовна културолошка операција наречена антиквизација за да букефализираат цел еден народ и со тоа да нѐ скараат со сите соседи. Им успеа цела деценија да нѐ држат во изолација.

И додека врвеа и ги поттикнуваа наводните дебати за тоа кои сме и што сме, нѐ фрлија во изолација и ги фрлија во мрачните подруми нашите приоритети - ЕУ и НАТО. Го уназадија и блокираа целиот процес.

И додека го правеа тоа, зад таа димна завеса, ги извршија сите криминали и политички злосторства заради кои сега се соочуваат со правдата.

Јас ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.

Нашата земја и нашиот народ се справија со антиквизацијата и јас ќе продолжам да зборувам јавно за потребата од мир и соработка на Балканот, но и за моментите од заедничката историја кои ги спојуваат и поврзуваат нациите“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа фејсбук.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања