„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев не знае колку плата земаат советниците и вели ангажирани се затоа што имаат врски во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zoran-zaev-izjava

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања за неговите советници во Собранието изјави дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Што се однесува пак за Љупчо Зафировски задолжен да ја олеснува комуникацијата со Франција истакна дека не знаел колкава плата зема.

— реклама —

Пратеникот Антонио Милошоски кој побара отчет за работата на двајца советници,  објави дека Зафировски зема плата од 75.000 евра, а советникот Александар Ружин 50.000 денари.

– Тој ги спроведува разговорите со заинтересирани компании. Конекциите што ги има овозможува да биде олеснувач и на други процеси последниве дена помага за отворање на компанија која сака тука да произведува армиски делоци. Зафировски доаѓа од приватен сектор со релации со кабинетот на Макрон. Наше мислење е дека Франција има многу малку податоци за земјава, треба повеќе да работиме за да привлечеме симпатии – рече Заев.

— реклама —

Заев образложи дека високиот месечен надомест на Зафировски е поради тоа што овој советник поголемиот дел од времето го поминува во Франција.

Премиерот додаде дека тие се ангажирани, бидејќи имаат врски со Франција, кои се во корист за Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања