„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Заев: Нема зголемување на цената на струјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
28062019_PVRSM-Zaev_pratenicki-prashanja_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вториот дел од дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, на чијшто дневен ред се пратенички прашања го искоментира не покачувањето на цената на струјата за домаќинствата.

— реклама —

„Либерализацијата е почаната, од 1.јули почнува, ја држи фиксна цената, не се зголемува цената за домакинствата, а 20 – 30 проценти од трговските компании од помал обем ќе имаат намалување од 140 на 80 евра по мегават часови.

Денеска се потврдија тврдењата дека нема зголемување на цената на струјата. Многу е значајно, не поради тоа што излезе нашата теза дека нема да се зголеми цената на струјата, туку дека водиме грижа за социјалниот аспект на нашите граѓани, тоа за нив значи заштеда на средства. И во меѓувреме се воведе ефтината тарифа на струјата којашто за една година заштеди 8 милиони евра, другата година 11.4 милиони евра, пари останати кај граѓаните, не ги плаќаат користејќи ја ефтината тарифа на струјата.

— реклама —

Либералзацијата е воведена и практично од денеска. Бенефит ќе имаат 20 – 30 проценти компании, што досега мораа да купваат струја од околу 142 евра, сега може да ја најдат по околу 80 евра за мегават час.

Тоа ќе ги напраави нивните производи многу попродуктивни и многу поконкурентни, бидејќи имаат одржливост, што треба да вроди со нови инвестиции кај нив, нови работни места, благодет да чувствуваат сите. Ова е голем успех. Ги мотивирам сите институции во делот на енергетиката да продолжат со тој тренд, со транспарентноста и тоа да биде мотивација за сите врабтени, до последниот работник и вработен во ЕСМ или ЕЛЕМ и МЕПСО, така им служиме на граѓаните. Радосен сум што тоа се постигна. Со оваа цена меѓу 2 и 3 милиони евра треба да има профитабилност ЕСМ, веројатно можел да падне и под прагот, и тоа за мене е голем успех, ќе биде мотивација и на други инститиции да ги постигнат тие резултати. Тоа е доказ за домаќинско работење, транспарентно и еве какви резултати даваме“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев рече дека „ако сме европска земја, треба да чекориме кон Европа, иако тоа значи да ги засукате ракавите и да ја одработите работата, сe со цел да ги заштитите дома граѓаните, потрошувачите, домаќинствата, но истовремено да ги заштитите и стопанството и компаниите. Посочи и на Извештајот на ЕУ, којшто дефинира најголеми реформи од целиот регион во енергетската сфера, тоа го кажаа уште лани, сега е потврдено во Извештајот, „перформансот којшто Владата го покажа во целиот овој период заедно со институциите во енергетиката, го даваат еве денеска комплетинот резултат“.

Премиерот Заев најави дека за јулските сметки на граѓаните ќе им достават сметки од ЕVN HОМЕ, наместо од ЕВН, „тоа е универзалниот снабдувач, согласно Законот за енергетика што овој Парламент го донесе“.

„И благодарение на заштедите на ЕВН, ЕСМ, или ЕЛЕМ, па и МЕПСО, испорачавме цена од 34.5 евра по мегават часови и издадовме понуда за сите домаќинства. И нема потреба од други набавки на ЕВН, ние ја гарантираме стабилната цената за сите домаќинства во следната година, а верувам ќе трае, иако пазарот се либерализира на 80, 70, 60 проценти додека не стане комплетно 100 проценти“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека „денес ЕЛЕМ има акумулирана добивка од 46.3 милиони евра“.

„И треба да знаат граѓаните дека тоа се тие податоци со коишто се гордееме и кажуваме дека транспарентноста и компетитивноста носат дефинитивно заштеди на јавни пари. Во моментот ЕЛЕМ на својата сметка има 20 милиони евра и депонирано во банката има 60 милиони евра. Тоа се 80 милиони евра што треба да бидат употребени комплетно за инвестиции, за разлика од 2014 кога генерирале акумулирана загуба од 16.8 милиони евра и затоа не била можна либерализацијата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев потсети на тврдењето на опозицијата дека „ако се случи либерализација, тоа значи во најмала рака ќе значи домаќинствата да плаќаат повиски цени и тоа ќе биде катастрофа, драматично, лошо“.

„Денеска Регулаторна комисија за енергетика објави дека цената на струјата останува иста како што беше до сега. Ја носат одлуката сега и таа важи од 1.јули 2019 до 30 јуни 2020 година.

Почнувајќи од 2006 година, дотогаш е стабилна цената, доаѓа Владата и почнува да се качува цената на струјата се до 2013 година, вклупно 60 проценти. Веројатно биле во право дека со либерализацијата тогаш, цената ќе расте, но зошто – заради бандитски работи. Затоа што немало рационално работење, пред се во енергетските комбинати. Еден од тие енергетски комбинати е ЕСМ, сегашен ЕЛЕМ, МЕПСО, тие се двата големи државни комбинати и ако видите дека има истрага на пример, дека се потрошени 5 – 10 милиони евра за реконсттрукција на котлите, одржување, рудници, кои биле цените, ќе сфатите дека 2014 година ЕЛЕМ, работи со загуба од 14.5 милиони евра годишно“, објасни премиерот Заев меѓу другото, во одговорот за цената на струјата за којашто е објавено денеска дека не се покачува, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

3n_9FCvqbH0

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања