„Немам намера да поднесам оставка, затоа што од овој процес ќе излеземе посилни. Апсолутно не мислам дека треба да ја стигнам мојата комуникативност. Сакам да комуницирам и да разговарам. Сакам да примам информации од јавноста. За жал ваквата отвореност носи некогаш вакви горки чувства“, рече Заев. Според него, почитувани се сите протоколи кога некој бара комуникација со премиерот. „Не ми е прв пат да имам разговарано со Столтенберг, Порошенко. Разговарано е преку фиксната телефонија во Владата, каде се двата телефони, а разговарано е преку „Ватсап“.
Вакви манипулатори и добро организирани структури секогаш ќе наоѓаат одредени пристапи, затоа што сајбер безбедноста секогаш треба да се надоградува. Се случил пропуст, за кои им се извинувам на граѓните“, вели Заев за објавените разговори со лажниот Порошенко и Столтенберг. Заев вели дека тој не оддал никаква тајна во текот на разговорите. „Нормално се бара од мене во моментот да дадам телефонски број, на некој што искрено верувам дека е претседателот на Украина. Во целиот овој разговор нема одавање на државни тајни. Тоа се ставови кои се повторуваат секој ден. Дури и за „Питер Македонски“, тој ја отвора темата, јас се шалам на темата и тоа е тоа. Не оддавам никаква тајна“, додава Заев.