Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев: Очекувам јасна и чиста порака, местото на западен балкан е во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Од самитот ЕУ-Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по заедничката прес-конференција со министерот за животна средина Насер Нуредини.

Очекувањето за нас, нагласи Заев, е дека ЕУ преку лидерите во Европскиот совет ќе испратат силна и мотивирачка порака за продолжување на максимален фокус на ЕУ кон интеграциите на Западен Балкан во ЕУ.

— реклама —

Во однос на оптимизмот во преговорите со Софија, Заев, рече дека имаме позитивно придвижување во разговорите меѓу претставниците на МВР и дека се надева периодот октомври, ноември и декември да биде максимално искористен за работа и посветеност за изнаоѓање решение.

— реклама —

– Се работи за патоказот, кој што треба да биде, нешто што ќе значи преземање обврска од двете страни за унапредување на ефикасноста во соработката согласно Договорот за добрососедство. Вториот аспект е дека во декември на Советот на министри на ЕУ се носи одлуката, а до тогаш ќе имаме завршено избори и во Северна Македонија и во Бугарија. Трето е, драфтираната верзија која се подготвува на Самитот ЕУ-Западен Балкан за сериозната фокусираност и посветеност на ЕУ за продолжување на процесот за евро-интеграциите на Западен Балкан, изјави Заев,.

— реклама —

Ова прашање, нагласи Заев, е пречката за продолжување на севкупниот процес на евро-интеграции на Западен Балкан, имајќи во предвид дека е поврзано со Северна Македонија и Албанија, а што предизвикува демотивирање и во Србија и Црна Гора, како и Косово и Босна и Херцеговинa.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања