Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев: Од долг од 1,6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред раздолжување, го преземавме и Колекторскиот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Успеавме државата да ја поставиме на патот на напредокот и со тоа создадовме простор силно да се посветиме на општините - за забрзан локален економски развој и напредок на секоја општина. нашата понуда, проектите што ги најавуваме – се сигурни и се реалност, затоа што ние се водиме исклучиво од интересите на државата, на граѓаните и на општините, порача вечерва претседателот Заев вечерва во Охрид.

Осврнувајќи се на досега реализирани проекти, Заев посочи дека центраната власт е целосно посветена на Охрид како една од најважните општини во државата.

— реклама —

„Овде во Охрид, во овој регион се реконструираа бројни патни правци, се инвестираше во нови водоводи и канализации. Покрај сите овие проекти, 500 милиони денари вложивме во Охрид за да му помогнеме да се раздолжи и од 1.6 милијарди денари долг, денеска Охрид е пред целосно раздолжување. Го презедовме Колекторскиот систем, формиравме национално претпријатие Колекторски систем и инвестиравме над четири милиони евра за 2.5 колометри колекторски систем. Тоа е вистинска грижа за Охрид, тоа е одговорен, домаќински пристап кој гарантира развој и напредок.

— реклама —

Претседателот Заев порача дека за Охрид е многу направено, но ќе се направи уште повеќе во следните години.

— реклама —

„Следува уредување на плажите по мерка на граѓаните и туризмот, во солгасност со природата, градот ќе добие функционално решение за неговиот централен и најфреквентен дел а Студенчишко Блато да биде парк на природата. За сето ова да се реализира, потребни ни се луѓе со визија, проевропски луѓе кои се подготвени да работат посветено на Охрид и нивните граѓани. А такви луѓе Константин Георгиевски, Науме Јованоски и останаттите 22 кандидати на советничката листа. Затоа ве повикувам, на 17 октомври да гласате за број 12, да гласате за Најдоброто за Охрид“, порача вечерва претседателот Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања