Заев одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_8540

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши, вчера, во Иловица во организација на општина Босилово и градоначалникот, Зоран Зимбаков одржа средба со граѓани од населените места Иловица и Штука.

— реклама —

„Одржавме досега неколку средби со претставниците на компанијата „Евромакс ресурсис“ кои што се добитници на Договор за експлоатација, а немаат дозвола за експлоатација, со претставниците на граѓанските здруженија, но ветивме и со граѓаните дека ќе дојдеме да се информираме, да ги слушнеме, да научиме од нив, но и ние да ги пренесеме информациите кои што ги имаме. Се работи за значајни одлуки, кои што ќе влијаат на иднината секако на овој микрорегион Иловица, Штука, на Општина Босилово, Општина Ново Село, кој на целиот Струмички регион, веројатно и на Република Македонија. Заради тоа, се обидуваме да изнедриме најпаметни одлуки, согласно законите во Република Македонија, со кои што никогаш нема да се каеме, а сепак ќе овозможиме иднина на развојот и на државата, но пред се и на овој регион од кој и јас потекнувам. Денеска, немаме намера овде да носиме некои заклучоци како што реков информативна е седницата. Поради тоа, верувам дека тоа ќе помогне и на Владата, но ќе им помогне и на граѓаните за полесно да ги разбереме работите. Доволно се секаков вид на шпекулации, кои што ги има пред се по социјалните мрежи најповеќе, но и дел од нашите медиуми пренесуваат секаков вид на информации. Убаво е, граѓаните да знаат за било која работа се, посебно за вака чувствителни работи. Уште еднаш потенцирам, нема позначаен приоритет за нас како Влада, верувам и за било која Влада, од здравјето на граѓаните, од перспективите на овој регион, од традицијата која што ја имаат нашите граѓани, но секако и желбата да децата останат овде да живеат овде, да чекаме деца од нашите деца, внуци. Така да, верувам дека денеска ќе имаме плодна средба на која што ќе излеземе попаметни и ние од Владата, но и граѓаните од Иловица и Штука“, изјави премиерот Заев.

Премиерот Заев додаде дека поради постоењето на одредени рудници, цели градови и цели општини опстојуваат, живеат од тие рудници

— реклама —

„Тука е опфатена и безбедноста и сигурноста и здравјето и сето она што претставуваат нормативи на нашето усогласено законодавство во Репубика Македонија, но и она што претставува меѓународна пракса, затоа што минералните суровини се потенцијал за развој на сите во светот, така и на нашата Македонија, но не под било какви услови. Од тука треба да знаете дека во овој, еве 20 месечен период, се променија многу работи. Имаше дадено концесија овде, со цијаниди, со други отровни супстанции, кои што и те како поради гласноста на граѓаните ги принудија политичарите, како што сум и јас, да ги промениме работите. Целиот технолошки процес е променет, повеќе нема цијаниди и опасни материи во обработката на рудата, но донесовме и нов Закон, во кој што се забранува употребата на цијанидите и опасните супстанци, така да многу работи денеска се сменети. Во едни вакви околности, ние мораме да бидеме најпаметни и да донесеме одлука. Кога велам ние, не сме Владата, пред се граѓаните. Ние постоиме, да им служиме, да им бидеме сервис на граѓаните и од тој аспект, за вака важни работи не смееме ниту општеството, ниту граѓаните, ниту општините, ниту пак Владата и државата, шпекулациите да ги носат, да ги манипулираат и да бидат пресудни во нивните одлуки. Граѓаните треба да знаат се и граѓаните се последни во процесот на одлучување“, изјави Заев.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања