Премиерот Зоран Заев се пофали дека притисокот му е 120 со 80 попладнево на Фејсбук, по вчерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев денеска во Штип со министерот за здравство Венко Филипче ги посетија штандовите на кои студентите ги презентираа програмите за новата студиска година. На еден таков штанд, на премиерот и му беше измерен притисокот.
Инаку Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на свечената академија по повод 12 години од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, што се одржа во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Пред свето обраќање кон присутните студенти, академици, ректори, проректори, декани, професори од другите приватни и државни универзитети, претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, премиерот Заев ги разгледа штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. Д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски.
Во своето обраќање, премиерот Заев ги истакна определбата и заложбите на Владата не Република Северна Македонија за јакнење на квалитетот и подобрување на материјалната поддршка на високото образование и науката.