Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Заев: Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-1-1

Се дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, се додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот Зоран Заев во своето поздравно обраќање на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)”.

— реклама —

– Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е задоволство да се биде тука со вас, дури и во вонредни околности како што е оваа пуста пандемија – рече Заев.

— реклама —

Според Заев, токму ваквите меѓународни конференции испраќаат силна поддршка за негување на нашот македонски јазик.

— реклама —

– Оваа Влада искрено и силно е посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик. Нашиот јазик е нашиот идентитет. Токму затоа Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Македонскиот јазик како рамноправен со сите светски јазици се користи слободно секаде низ целиот свет. Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава – изјави Заев.

— реклама —

Тој порача граѓаните да бидат чувари на македонскиот јазик, бидејќи јазикот сме сите ние.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања