Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев потпиша уште еден предавнички договор, овојпат со самопрогласенатадржава „Косово“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-apasiev-5

Договорот кој е еден од 11те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на т.н. „Сили на безбедност на Косово“ низ територијата на Република Македонија, велат од Левица.

„Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на „Косово“ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата ротекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста. Слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен. Особено кога се воени сили на нелигитмна држава, која е непризнаена од страна на Обединетите Нации.

— реклама —

Воените сили на „Косово“ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот „Монструм“,

— реклама —

што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок.

— реклама —

Левица е против ваквиот договор и се залага да го укине, како и воопшто признавањето на „Косово“, штом дојде на власт. Не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања