Прислушкуваните разговори кои втор ден се објавуваат на социјалните мрежи се дел од материјалите кои СДСМ ги предаде во СЈО, потврди премиерот Зоран Заев. Тој вели дека објавувањето на овие материјали е потврда дека приватните разговори ги имаат и други лица.
„Информиран сум дека МВР ги превзема сите дејствија согласно законите. Знам дека пред една-две недели, имаше емитување на бомби кои задираат во приватноста. За тие, поднесена е кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. За мене е важно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите кои ги имав слушанто, а ги немав слушнато сите разговори оти ми стана мачно после долго време, е дел од пакетот што го предадов во СЈО. Тоа секако потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластеното прислушкување, а ги имало и на други страни. Се надевам дека институциите ќе постапуваат строго, според законите“, рече Заев.