Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Заев присуствуваше на откривање на спомен обележјето и вечното почивалиште на Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
16102020_PVRSM-Zaev_Krusevo_3

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски присуствуваа на откривање на спомен обележјето на Тоше Проески и положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

Посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичкиот великан Тоше Проески.

— реклама —

„Му оддадовме достојна почит на нашиот Тоше пред реализираното идејно решение на неговото вечно почивалиште, кое се оформи како конечно низ постојана комуникација и консултација со родителите на Тоше. Од денеска натаму сите ние, како и сите фанови на Тоше од другите земји, ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика.  Тоше на најдобар можен начин, успеа да го обедини Балканот. Онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, неповторлива харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите навидум непремостиви нешта. Тоа е нашата македонска гордост, кој со својот ангелски глас и непосредност, полнеше стадиони, плоштади и сали, каде и да се појавеше, истакна премиерот во дел од своето обраќање.

— реклама —

— реклама —

Заев додаде дека огромното влијание и споменот на неговата силна личност и исклучителен талент, никогаш не ги оставија без посетители неговото гробно место и спомен куќата, но од денеска натаму имаме вечно почивалиште и спомен дом достојни за големината на Тоше.

„Загубата на Тоше Проески со ништо не може да биде надоместена. Но, затоа е тука вечното сеќавање на благородната душа која со своите постапки и со своите песни обележа цела една епоха од нашето културно и естрадно творештво. Беше Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Голем хуманист кој заслужено ја доби наградата „Мајка Тереза", бидувајќи до крај доследен на неговата изјава: „блажена е душата што дава". Тоа е нашиот Богољубив Тоше Проески. Зад него останаа да се прераскажуваат убавите приказни за манастирот Свето Преображение во Крушево, за Клиниката за детски болести, за сите негови хуманитарни концерти и животни епизоди полни со човекољубие и милосрдие“, истакна Заев.

„Голема заслуга и благодарност за тоа му припаѓа и на нашиот Тоше Проески, а наша обврска останува и понатаму достојно да му се оддолжиме за неговиот придонес со постојано сеќавање на неговите музички и хуманитарни остварувања“, истакна Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања