Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев, Села и Гаши ќе се сретнат за да изнајдат решение за спорните државјанства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Спорниот закон за државјанство кој ја укочи работата на Парламентот денеска ќе биде ставен на маса пред премиерот Заев и лидерите на опозициските партии од албанскиот блок Зијадин Села и Африм Гаши.

— реклама —

Денеска во 11 часот се очекува средба меѓу премиерот Зоран Заев, со претседателите на опозициските албански политички партии Зијадин Села и Африм Гаши во врска со прашањето за државјанство и одблокирање на работата на македонскиот парламент. Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добие државјанство, туку со некаков документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.

Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките книшки, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата АА-ААА.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања