Заев -Силва: Амбицијата на Португалија првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на нејзиното претседавање со ЕУ е единствено исправна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
10052021_PVRSM_ZPVRSM_MNR_Brisel_2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со членовите на делегацијата заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел имаше средба и со Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија која е претседавач со ЕУ во актуелниот мандат.

— реклама —

— реклама —

Премиерот Заев на средбата изрази благодарност за напорите што ги прави Португалија за да се искористи овој момент и да се постигне решение кое ќе го деблокира евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија.

— реклама —

Премиерот Заев му ја пренесе на министерот за надворешни работи на Португалија Силва пораката на единство на Македонците, Албанците и на сите други заедници во Северна Македонија околу процесите за европеизација на земјата во сите сфери на општеството како наша обврска во постигнување на европските стандарди и дека земјата ги исполнила сите критериуми, потврдени и во извештаите на Европската Комисија и дека сега Брисел е на потег да испорача организирање на меѓувладината конференција за почеток на пристапниот процес.

„Сите сме единствени, европеизацијата треба да оди без обиди за загрозување на македонскиот идентитет и сите граѓани на Северна Македонија, без разлика на која етничка заедница припаѓаат, се единствени по ова прашање“, нагласи премиерот Заев на средбата со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва.

Министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва за време на разговорот со нашата делегација соопшти дека Португалија, како актуелен претседавач со ЕУ, има амбиција да ја одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија под португалско претседателство.

Тој уште додаде дека, Португалија, како претседавач со ЕУ се залага за заеднички почеток на преговорите со ЕУ на Северна Македонија и Албанија и дека одвојувањето не е решение, и дека нешто такво ќе создаде негативни консеквенции во целиот Западен Балкан.

Министерот Силва уште го информираше премиерот Заев дека Португалија, како и другите земји членки на ЕУ се против вметнување на билатералните прашања во преговарачката рамка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања