Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Заев: Следните денови ќе се финализираат деталите околу Законот за државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
31032021_PVRSM_MP_MVR_AAA_Sredba_3

Претседателот на  Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите по средбата со координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи и пратеници од коалицијата  составена од Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива истакна дека во фокусот на средбата биле разговорите за измени и дополнување на Законот за државјанство.

На средбата на која присуствуваат и министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, премиерот Заев посочи дека разговорот бил конструктивен и во следните денови ќе се финализираат деталите за добивање на трајно решение од интерес на граѓаните кои немаат државјанство.

— реклама —

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

„Да соопштам дека имавме конструктивен работен состанок на којшто претставниците од извршната власт ги слушнаа аргументациите по Предлог-законот за државјанство од Алијанса и Алтернатива претставени од нивните пратеници. За еден дел од работите веднаш изнајдовме решение и знаеме како ќе се решат работите, но за позначаен дел од работите заклучивме дека Владата треба да ги разгледа аргументациите, кои беа понудени од наративот и образложението на Алијанса и Алтернатива, како што и тие треба да ги разгледаат аргументациите кои беа понудени од страна на соодветните министри.

Договоривме за една недела и ако може порано од една недела веднаш да се вратиме на основа на тие аргументации. Затоа што навистина треба и службите да застанат да ги разгледаат и да пронајдат трајно решение, како и кај нив во пратеничката група да ги разгледаат сите детали за да можат на крајот да ги усогласиме решенијата.

— реклама —

Се согласивме дека таа бројка, иако е евидентирана на 1500-1600 лица, во матичната евиденција е некаде 800-850 луѓе, и е различна. Притоа разграничивме дека граѓани кои имаат извод од матична книга на евиденција, односно се родени тука, е една проблематика, и граѓани кои се стекнуваат со државјанство со природување, односно со женење, мажење во државата, се друга проблематика, и како да настапиме.

Верувам дека во следните неколку дена интензивно ќе работат службите, пред сè јавната администрација и извршната власт, којашто денеска беше овде претставена, за да ги разгледа и разбере сите овие предлози кои ги дадоа двете опозициони партии АА и Алтернатива. Но, исто така очекувам да ги согледаат сите аргументации коишто беа дадени од соодветните министри во делокругот на оние предлози кои беа дадени од страна на извршната власт.

— реклама —

Така на тој начин ќе потврдиме сите, дека сме за трајно решавање за оние наши граѓани кои немаат државјанство да добијат државјанство, а притоа тоа да биде согласно европските конвенции за државјанство, согласно меѓународната регулатива за државјанство и согласно сето она што претставува одржливост на решенијата за државјанство. Така што извадивме и примери кои постоеле од 2004 година во кои се решени многу повеќе илјади граѓани и тоа искуство ќе го искористиме се со конечна цел да имаме трајно одржливи решенија.“

Видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања