„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev

Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори. Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што тоа го потврдуваат и анкетите.

— реклама —

„Драго ми е што довербата кај граѓаните за сите наши потенцијални кандидати е голема и затоа сакаат да се кандидираат добри кандидати, звучни имиња, одговорни луѓе, докажани во професијата и тоа е една голема предност која што не прави фаворити на изборите. Покрај тоа што водиме по анкетите довербата е голема, се верува дека ќе победиме. Но, на крајот граѓаните одлучуваат. Јас можам да ви кажам заради тоа што сме коалициони партнери и со ДУИ, и со БЕСА и со ДПА, имаме коалиција, заедно ќе настапиме за локалните избори. Нормално деталите не можеме да ги кажеме уште оти не ги знаеме имињата, но дефинитивно ги знаеме принципите на коалицирање. Се знае во првиот круг одат сите, после тоа се поддржуваме, фер, така на граѓаните ќе им оставиме сами да ни кажат патот кој е, кој треба на крајот да биде избран во сите други градови“, рече Заев.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања