Заев со претставници на ЕБОР: Продолжува соработката во насока на интензивирање на проектите за економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
13102020_PVRSM_Zaev_sredba_EBOR-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска имаше работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.

— реклама —

На средбата, од двете страни беше изразено задоволство од позитивната соработка помеѓу Северна Македонија и ЕБОР и беше изразена јасна волја за продолжување на истата со воспоставената динамика, со акцент на имплементација и реализација на тековните проекти, кои обезбедуваат развој на економијата и го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

Беше потенцирано дека продолжува поддршката за реализација на проекти во транспортниот сектор, односно патната и железничката инфраструктура, во делот на енергетската инфраструктура, гасификацијата, проекти за почитување на стандардите за заштита на животната средина и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.

— реклама —

Беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во насока на унапредување на поврзаноста на регионално ниво,  со соседните земји, со цел подобрување на економскиот раст и покрај здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.

На денешната работна средба беше поздравено објавувањето на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, од страна на Европската Унија и беше оценето дека регионалниот развој и соработката меѓу земјите ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање и отворање нови работни места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања