„Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста“, истакна премиерот Заев по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.
Премкерот додаде дека социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија.
„Државата не ги заборави и не ги остави на цедило и стечајците, за кои обезбедивме месечен надоместок, исто како што обезбедивме државна пензија за оние кои не ги исполнуваа условите за редовна пензија. Низ укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина дневна тарифа на струјата, намалување на сметките за парно, а некаде и намалување на цената на водата за пиење, влијаеме врз домашните заштеди кои се одразуваат во сиромаштијата“, истакна Заев и додаде:
„Во кризата се познава грижата, а ние не дозволуваме никој да остане незгрижен. Борбата со сиромаштијата е заедничка, и заедно ќе ја водиме, се додека не обезбедиме подобар живот за сите“, истакна премиерот.