Одговарајќи на новинарско прашање каде се полицијата и инспекторите на митинзите да ги казнат организаторите и граѓаните бидејќи се кршат протоколите, Премиерот Зоран Заев вели дека неговата партија СДСМ при организација на предизборните митинзи ги почитува ковид протоколите.
„Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции да ви дадат одговор затоа што овде сум како премиер, не би сакал за партиски работи да одговарам. Столчињата на митинзите се разместени согласно протоколите, веројатно проблемот е тоа што дополнително луѓе доаѓаат од страните, кои не ја спазуваат неопходната одалеченост и целосното почитување на протоколите. Сите си ветивме дека ќе направиме сè, имајќи предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно, но ќе направиме сè за почитување на протоколите“, рече премиерот Заев.