„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев: Владата е на страната на работниците, социјалниот дијалог продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
07072021_PVRSM_sredba_SSM

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски и претседателите на неколку грански синдикати од јавниот сектор: Љубиша Каранфиловски на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Миќо Стојановски на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски и на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, во присуство на Слободан Трендафилов од ССМ.

— реклама —

На работниот состанок, остварен на барање на синдикалните лидери беше поздравена поддршката и изразениот слух на Владата за остварување на работничките права и постигнување на социјалниот дијалог во насока на социјално-економска поддршка на работниците.

„Владата останува главен поддржувач на работниците и сметаме дека синдикалното организирање е здраво за државата, како сериозен коректив во функција на балансирање при уредувањето на работничките права, во јавните институции и приватниот сектор“, рече премиерот Заев, кој нагласи дека социјалниот дијалог продолжува.

— реклама —

На темата за работничките права беше истакнат позитивен амбиент во однос на започнувањето на разговорите и преговорите за потпишување на новиот Општ колективен договор за вработените во јавниот сектор, а заклучок е дека е потребно следење на процесите и анализа за донесување најповолни решенија за исплата на К-15, односно регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.

На средбата се разговараше и за унапредување на мерките за надминување на сивата економија, отворање нови работни места и подобар економски статус на сите работници, без разлика дали се во приватниот или јавниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања