Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Заев: Владата вложува во луѓето, а не врши терор врз нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
248482780_10160034974947932_8627687466395721985_n

Од овде, од Споменикот на слободата во Кочани, повикувам на обединување за скапоцената слобода која заедно ја освоивме и која сега мораме заедно да ја браниме, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Сетете се дали познавате некој во последниве четири години којшто бил репресиран? Дали знаете за некој новинар, бизнисмен, сопственик на медиум или било кој друг, да биде неправедно и спектакуларно апсен, да бил понижуван јавно, влечен со лисици или да им влегувала полицијата на луѓето по домовите во глуво доба, додека децата им спијат?

— реклама —

Еден дали има? Нема, и нема да има.

— реклама —

Бидете горди што заедно донесовме слобода. И што денес имаме Влада која вложува во луѓето, а не врши терор врз нив. Сега граѓаните владеат и никој не помислува да ја фалсификува нивната волја. И овие и претходните четири изборни циклуси се потврда за тоа. Нема веќе Пустец, нема печатење лажни лични карти, нема МВРО-ВМРО, нема влечење за уши, нема гасење лифтови. Наспроти тоа, ние сме отворена власт – и нема да се затвораме и секогаш ќе се бориме никој да не смее ништо да крие од народот.

— реклама —

Во тоа име, повикувам да се обединиме и да продолжиме да работиме заедно за уште повеќе слобода и уште повеќе демократија“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања