Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев во честитката по повод патрониот празник на УКИМ: УКИМ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев упати писмо со честитки по повод празникот 24 Мај – Ден сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кој е воедно и патронен празник на нашиот прв државен Универзитет.

Содржината на честитката на премиерот Заев ви ја пренесуваме во целост:

— реклама —

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија вам како ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патрониот празник на УКИМ.

— реклама —

Историјата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е нераскинлив дел од историјата на Северна Македонија, кој изминатите 72 години како првиот државен универзитет во нашата земја ја исполнува својата мисија на еден од столбовите на нашата државност.

— реклама —

УКИМ како достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј досега има создадено околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Делото со кое нè задолжија светите браќа Кирил и Методиј како основачи на првото словенско писмо и оставија драгоцено цивилизациско богатство за македонскиот народ, како и за сите словенски народи, нé поттикнува да размислуваме и дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите.

Исполнувајќи ја својата дејност УКИМ како автономен вруток на знаењето, науката и образованието обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите.

Воедно овој наш престижен Универзитет останува посветен на негувањето и чувањето, но и на меѓународната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ и македонскиот јазик, на нашата историја, литература и култура, како и на културните вредности на сите други етнички заедници во Северна Македонија.

Годинава Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, темелникот околу кој се издигна УКИМ, одбележува значаен јубилеј, 100-годишнината од раѓање на неговиот патрон, на великанот на македонската култура како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик. Токму во чест на Џинот од Небрегово, чие дело е светски признато ова одбележување, е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО.

Врвен приоритет за Владата е зголемувањето на инвестициите во високото образование. Во согласност со добрите европски практики да ги унапредиме условите за работа и студирање, како и достапноста, особено за лицата со попреченост на системот, обезбедувајќи квалитет и ефикасност.

Оваа Влада успеа да постигне Колективен договор за високо образование и наука со кој за прв пат по 30 години се уредува системот на плати во високото образование и се спречуваат неизвесностите на кои со години беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование.

Јас како премиер и оваа Влада, Ве уверувам дека остануваме посветени на активната поддршка на развојот на универзитетската и на образовната дејност.

Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј! Нека е честит патрониот празник на УКИМ!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања