Промени тема
Контакт

Заев: Во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
01102021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_obrakanje-za-novata-akademska-godina_9

Како ниту една друга Влада претходно, во последните четири години поведовме иницијативи за заштита на нашите природни убавини и реткости и за одржлив развој на планинскиот туризам, пишува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на планината.

– Во годината кога одбележуваме 30 години од нашата независност направивме уште еден значаен придонес за негувањето и за афирмацијата на природните богатства на нашата убава Република Северна Македонија. За Национален парк ја прогласивме нашата природна убавина – Шар Планина, планина со најголем број врвови повисоки од 2.000 метри. Со ова го добивме четвртиот национален парк во државата, прв од прогласувањето на независноста и прв после 60 години, пишува Заев.

Со Националниот парк Шар Планина, тој истакна дека вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2 проценти од севкупната територија на Северна Македонија и додава дека е површина и процент на кој можат да позавидат многу европски држави.

— реклама —

– Тоа е резултат на континуираните политики на оваа Влада за заштита на природата, со цел зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија. Во таа низа се и прогласувањето на дел од Осоговските Планини и Водно за заштитени предели, а наскоро, како континуитет на нашите политики за заштита на природата и животната средина, под посебен режим на заштита ќе биде ставен и дел од Малешевските Планини, најави премиерот.

— реклама —

Заев истакна дека со прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје, започнат е системски пристап за зачувување на природните ресурси, како и за социјално и економско унапредување и развој на Осоговскиот Регион.

Тој додава дека проектот „Планински велосипедски рај”, патната инфраструктура кон Пониква и реконструкцијата на ски-лифтовите го унапреди туристичкиот потенцијал во тој регион и создадени се услови за развој на авантуристичкиот туризам.

— реклама —

– Планините и шумите и сиот биодиверзитет во нив, се наше природно богатство кое треба да го чуваме и за идните генерации. Наша обврска е да ги заштитиме и да ги чуваме како клучна алка во борбата со последиците од климатските промени, како една од најсериозните закани со кои се соочува светот денес, порача премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања