Премиерот Зоран Заев вели дека со возење на мотор ги полни батериите. Рече дека недела е ден за одмор, а тоа е негово хоби. Тој објасни дека со возењето мотори не е прекршен ниту еден закон.
„Уште кога ме избраа премиер, реков викенд не работам. Недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам батериите со возење на мотор. Недела е ден кога секој човек заслужува да одмори, и јас секогаш кога можам, за време на викенд сум за семејството. Иако имам дозвола, не се движев никаде за време на полициски час. Направив една турнеја добра низ земјата, и тоа е ден на викенд. Јас не се кријам. Го правам тоа за себе. Ако јас би бил покорисен, ако можеме нешто плус да помогнеме и јас и министеро Филипче, секако од тоа мое лично право веднаш ќе се откажам. Но сме направиле дефинитивно се, и недела е ден за одмор“, рече Заев.
фото: Архива