Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Заев за барањето на опозиција одново да им се суди на осудените за 27 април: Овој случај може да се отвори одново само доколку има нови докази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
27-april

Премиерот Зоран Заев за барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одново да им се суди на осудените за крвавиот упад во Собранието пред четири години вели дека овој случај може да се отвори одново само доколку има нови докази и моменти.

— реклама —

„Претседателот не го поддржа повторното судење и ве молам прашајте го, јас сум во контакт со него. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став дека како и за сите други случаеви, секој има право да отвори постапка на повторување на судење ако има нови докази, нови аргументи, кои ќе влијаат, Судскиот совет, надлежен за таа работа, одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципелни работи, надвор од вредностите во кои што живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш системот на пеналење и казнување губи смисла. Така што, никако помилувања и амнестии во тој дел. Правото го имаат сите граѓани, вклучително и тие кои се осудени за настаните од 27 април, ако има нови моменти и докази, а така го појасни и претседателот на државата“, рече Заев.

За осудените за крвавиот упад во Собранието на 27 април, ќе разговараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски во петок, најави на брифинг опозициската партија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања