ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев за „Катимерини“: Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-1

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во неделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори и за придобивките од членството во НАТО. Премиерот Заев, рече дека на 27 март ја прославивме првата годишнина од нашето членство во НАТО, со што се реализираше една од нашите најважни стратешки цели за државата зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година.

— реклама —

„Членството во НАТО е суверен израз на нашиот избор дека сакаме да бидеме дел од евро-атлантската заедница на демократии, определба којашто секогаш имала силна поддршка од јавноста, и уживала широк натпартиски и меѓуетнички консензус.

— реклама —

Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија. Сега седиме на маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Од 30-те членки на НАТО, 21 земја се членки и на ЕУ. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, подвлече Заев.

Премиерот Заев истакна дека со нашето учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, придонесуваме кон намалување на ризиците и заканите кои потенцијално би можеле да донесат нестабилност во нашиот регион или во Северна Македонија.

„Ние сме мала држава со ограничени ресурси, но во сојузништво со сите земји членки на НАТО многу полесно ќе се справуваме со гео-политичките предизвици.

Демократските вредности ги споделуваме со нашите сојузници, и членството во НАТО ни помага тие вредности да ги чуваме, развиваме и да ги промовираме и дома. Членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на социјалната кохезија во Северна Македонија, и служи за зајакнување на отпорноста на нашата демократија“, нагласува премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во денешното неделно издание за грчки „Катимерини“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања