Заев за „Катимерини“: Со Грција ја зацврстуваме соработката и на полето на енергетиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчки „Катимерини“ рече дека на сите средби со премиерот Киријакос Мицотакис, разговараат за поголема економска соработка и дека таа соработка треба да продолжи и да се надгради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа за време и во пост-ковид периодот.

— реклама —

„Заедничките инвестициски проекти се уште една алка за зацврстување на нашето пријателство и на соработката на полето на енергетиката. Потпишаните Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, како и договорот за интерконекторот за гасно поврзување со Грција создаваат можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.

— реклама —

Ова е дел и придобивка за остварување на нашето зелено сценарио како најприфатливото за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки придобивки“, подвлече премиерот Заев.

— реклама —

Заев додаде дека во овој дел се очекува значително да се подобри и унапреди соработката и на регионално ниво.

„Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас и енергетски хаб на Балканот. Проектите со Грција на планот на гасното поврзување се први од ваков тип во Југоисточна Европа.

Со поврзувањето со Грција, наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други, што значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања