„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев за Кичеец: Не знам зошто патувал кон Скопје со тие луѓе, но имал медицинска документација за лекување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kiceec-zaev-4

Премиерот Зоран Заев не знае зошто Зоран Милевски-Кичеец патувал кон Скопје, но за случајот зошто не е во затвор на издржување казна - бил заинтересиран и разговарал со Управата за издржување санкции. Заев уверуваше дека Кичеец имал комплетна медицинска документација за да може да излезе на лекување. Детали за случајот не знаеше, а изрази жалење за загубата од сообраќајката.

— реклама —

„Разговарав со директорот за санкции, Марјан Спасовски. Ми ги кажа сите детали. Секој издржувач на казна затвор, има соодветни права. Овде има комплетирана медицинска документација, од здравствени причини, особено со аргументации со соодветни потписи. Не знам зошто патувал кон Скопје, со тие луѓе. За деталите ве упатувам кон Управата за извршување на санкции. Јас прашав бидејќи еве вие медиумите, но и јас како претседател на Влада, е да се заинтересираме дали ова е според закон. Жалам за загубата во сообраќајната незгода“, рече Заев.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ рече дека Зоран Милески-Кичеец не е ниту првиот, ниту последен затвореник кој добил допуст за прекин на издржување на казната.

— реклама —

„Врз база на медицинска документација затвореникот добил 30-дневен прекин на казната. Ова не е прв ниту последен затвореник кој ги користел овие погодности кои врз база на медицинска документација добил ваков допуст за прекин за издржување на казната“, рече Маричиќ.

Тешката сообраќајка се случи во саботата во близина на Стража.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања