Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заев за пожарот во тетовската болница: Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности, ред е да се објави извештајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Изминуваат три недели од пожарот во тетовската болница, каде изгореа 14 пациенти. Обвинителството тврди дека се работи на случајот и се собрани сите докази, кои се предмет на анализа. Премиерот Зоран Заев, прашан кога ќе донесе одлука за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, го повтори веќе познатиот став, откако ќе се објават извештаите.

„Јас знам дека форензички извештаите и анализите се при крај. Очекувам да се објават. Ден поскоро е подобро за да ги решиме сите овие дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности, ред е да се објави извештајот за да можам и јас да го кажам својот став за оставките од министерот и заменик-министерот“, рече Заев.

— реклама —

Последните информации од Обвинителството се дека тимот на истражители добива засилување од нови четворица обвинители, за да се утврди кој е виновен и што е причината за катастрофалниот пожар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања