Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заев за разрешувањето на Пауновски: Моите и аргументите на инспекторите во ДПИ ќе ги презентирам на седница на Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-paunovski

Владата треба да донесе одлука дали ќе го разреши директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски. Премиерот Зоран Заев вели дека сака да ги разгледа и материјалите кои му ги донеле пазарните инспектори, па да го каже конечниот став пред Владата. Вработените во Пазарна му кажале на Заев дека Пауновски е добар човек, но и дека го унапредил работењето на инспекторатот.

— реклама —

„Ќе оставам Владата да си издебатира. Моите ставови ќе ги кажам на Владата, ќе ги кажам ставовите на Стојко Пауновски со кого во петок стапив во контакт, ќе ги кажам сите аргументации за одговорно владеење, на воспоставен систем на ред и поредок, каде што треба да се спроведуваат законите. Според Етичкиот кодекс имаме плејада можности како да постапиме, како за разрешување, така и за останување. Важно е да се почитува законот и одлуките, да имаме ефикасност во работењето. Искрено сакам кога ќе се вратам да ги прочитам материјалите кои инспекторите ги оставија. Значајни материјали кои сакам да ги прочитам, тоа ќе влијае на мојот став, а Владата ќе одлучува. Вчера имав став и го кажав јавно, денес, не дека се колебам, но имам почит кон овие административни вработени“, рече Заев.

Сепак, премиерот посочи дека целта на постапката против Пауновски е да се испрати пораката дека законот мора да се почитува. Објасни и дека телефонски разговарал со Пауновски во петокот.

— реклама —

„Во четвртокот минатата недела, не можев да го добијам. Следниот ден имав вратка од директорот. Стојко Паунвоски е политички поставен за директор на Пазарниот инспекторат. Тој е еден од моите први партиски соработници. Ние имаме однос, не ни треба ништо посебно. Каква и да биде одлуката, соработката ќе продолжи. Во прашање е принципот“, додаде Заев.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања