„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заев за случајот „Рашковски“: Софтверот е завршен, апсолутно е истестиран и Владата има целосно право да го направи за сопствени потреби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш ги потенцираше своите несогласување со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци во време на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, но потенцира дека со тоа нема намера да влијае на процесите, туку дека има право на свое мислење. Исто така, порача дека софтверот ѝ е потребен на Владата и можат да ѝ го наметнат на која било институција што има потреба да го користи, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

„Никој не е изземен од законот, како што и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Но, да создадете постапка во која учествуваат пет компании, имате компетивност, натпревар со лицитација, од осум милиони паѓа на 5 милиони и 100. Софтверот е завршен, апсолутно е истестиран и Владата има целосно право да го направи за сопствени потреби. Ако донесеме одлука како Влада, можеме да го наметнеме на која било од институциите што им треба. Имаме донесено одлуки согласно Законот и планот за јавни набавки, согласно одлуки на Влада, согласно пари предвидени во Буџетот за таа намена и апсолутно е нешто што е потребно за државата“, рече Заев.

За софтверот, кој никој не го користи, а МВР не знаело за набавката, беше набавен за 80 000 евра, Заев денеска направи споредба со Франција и рече дека таму таков бил купен за сума 6,5 милиони евра.

— реклама —

„Софтверот во Франција е платен 6,5 милиони евра. Истиот софтвер, за истата намена кој скенира таблички, лик, очи…“, истакна Заев.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања