Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Заев: Загубата на Нешковски е загуба за нашата држава и македонското здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-1

Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство до семејството и блиските пријатели.

Со прераната смрт на Трајче, СДСМ загуби чесен, професионален, искрен член и борец со визија, со храброст и решителност.Неговиот ангажман како секретар на СДММ, а потоа и како истакнат член на СДСМ е пример за тоа како млад човек може да се вгради во борбата за подобро утре, за промени во оштеството, за слобода, демократија. Сегашните и идни членови на СДММ и СДСМ, имаат вистински модел за тоа.Загубата на Нешковски не е само загуба за неговото семејство, пријателите, младите, не е само загуба за СДСМ, тоа е загуба и нашата држава, за нашето македонско здравство, напиша премиерот Зоран заев на својот ФБ профил.

— реклама —

Премиерот додаде:

— реклама —

Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош.

— реклама —

Во овие моменти на силна болка, да најдеме утеха во големината на Трајче, во вредностите што ги остави зад себе. И како човек и како доктор и како член на СДСМ.

Јас, но и сите кои го познаваа Трајче засекогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли.

 

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10159111451402932/10159111450942932/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања