Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Заев загуби затоа што не го разбира народот, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Зоран Заев загуби затоа што тој не го разбира народот, а не затоа што народот не ги разбрал бројките на гласачкото ливче, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизборен собир во општина Аеродром, додавајќи дека потценувачка е изјавата на Заев дека народот ги згрешил бројките.

- До вчера власта ни велеше дека ја разбрала пораката, а денес го слушам во едно интервју од Зоран Заев, каде ни вели дека практично изгубил затоа што граѓаните не разбрале за кого да гласаат, па ги помешале бројките на ливчињата. Не знам дали верува во тоа, или тие околу него така го учат, но тоа е брутално потценување на народот. Заев не загуби затоа што народот не ги разбрал бројките, туку затоа што Заев не го разбрал народот, и кога го гледам ова негово бледо и исплашено делување, се повеќе ми оди да повторам дел од неговите зборови – се сеќавате на она - изгубен низ времето го барам семето, ја барам жицата итн. Ете тоа е вистината за Зоран Заев и неговиот game-changе кој е всушност станува неговиот game over, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски истакна дека фалбите на Заев дека биле најдоброто нема врска со реалноста, затоа што народот е сиромашен, а го очекува и енергетска криза со која оваа власт не може да се справи.

— реклама —

- Кога сме кај реалноста, се поголем број на експерти го потврдуваат она што пред неколку месеци го велев, а тоа е дека не чека тешка енергетска криза и шокови кои може да направат сериозен удар врз економската стабилност на Македонија но и силно нагризување и на и така кревкиот животен стандард на граѓаните, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој потенцираше дека добивме и официјална потврда дека покрај тоа што Зоран Заев, Љупче – Путерот, и останатите од владата си крадат на тендери, договори во четири очи, крадат и струја од регионалниот систем, повлекувајќи струја од системот, затоа што немаме домашно производство.

- Немаме домашно производство, а зошто немаме домашно производство, затоа што крадат. Тоа е суштината зошто ние денеска се соочуваме пред тешка енергетска криза која што сериозно ќе го нагризе нашиот животен стандард и ќе ја доведе под знак прашање егзистенцијата на граѓаните. Вчера ги слушнавме како велат дека едниот блок во РЕК Битола работел, па ќе го вклучиле другиот блок, па излажаа, па доцна во ноќта направија некакви обиди и денеска и двата блока работат како еден бидејќи се на половина снага“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања