Промени тема
Контакт

Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да го затскријат криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zabrcanec

Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да ја сокријат бедата и криминалот на владата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Марјан Забрчанец и СДСМ вршеле притисоци врз медиумите и диктирале вести, ова е доказ за хибридниот режим на дело.

Во писмото кое Бојан Јовановски го пишува до Заев тој јасно посочува дека добивал насоки за медиумското делување на 1ТВ од Марјан Забрчанец, советник на премиерот за медиуми и дека за тоа постојат докази во неговиот телефон.

— реклама —

Јовановски ја открива целата трулост на системот на Заев и сега квалификацијата хибриден режим станува се појасна.

Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да го затскријат криминалот, да угушат секоја критичка мисла и да спречат да не излегуваат на виделина матните бизнис зделки полни со криминал и корупција.

— реклама —

Не случајно угледниот магазин „Економист“ ја подредил земјата под владеење на Заев во групата држави каде владее хибриден режим.

— реклама —

Контролата и притисокот врз медиумите се главен показател за заробеното општество.

Не може да има слобода во медиумите и демократија се додека е СДСМ на власт. Ова е уште една во низата причини зошто се потребни брзи предвремени избори„, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања