Промени тема
Контакт

Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија. Тоа значи дека оваа власт се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Да беше се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија. Замислете за вакво значајно прашање, јавноста во Македонија дозна од институциите во Бугарија. Дури после тоа дознавме од страна на Артан Груби дека овие одговорите биле удобни за бугарската страна, како божем нашите функционери да добиваат плата да ги задоволуваат потребите на Бугарија.

— реклама —

Пиунот Ковачевски и Бујар Османи треба итно да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, а не да прераскажуваат и да вртат од околу. Народот и јавноста се доволно мудри да прочитаат и да разберат што содржи овој документ.

— реклама —

Јавноста бара што точно формулирала власта на заевизмот во овие одговори. Народот не верува во колнење во воздухот, жиците и децата, затоа што Зоран Заев еднаш излажа, па не е чудо неговите поклоници и пиунот пак да излажат.

— реклама —

Господа од власта дајте ги на увид документите, и не ја замајувајте јавноста со приказни и колнења“, се вели во соопштението

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања