Промени тема
Контакт

Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0105

Заевизмот го уништува стандардот на граѓаните. Додека народот нема парно, додека плаќа поскапа струја, додека едвај врзува крај со крај, владата набавува нов златен кујнски прибор за пиунот Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Ете до каде води оваа однароденост на власта и одлепеност од реалноста. Децата на елитата од транзицијата кои јадеа со златна лажичка цел живот, сега ги трошат парите на граѓаните за да купуваат позлатен кујнски прибор.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните даваат милиони за приватни ковид тестови затоа што нема државни, трошат пола плата за сметки а другата половина за поскапени производи во маркетите, ама затоа државата има 37 илјади евра за позлатени чинии, лажици, вилушки, ножеви и кристални чаши за пиунот Ковачевски. Заевизмот забега целосно штом троши 88 евра за позлатена чинија, а во исто време имаме стотици илјади луѓе кои живеат со помалку од две евра на ден. 600 илјади луѓе живеат во сиромаштија, а власта на пиунот Ковачевски троши 140 месечни плати на еден работник за да набави луксузен прибор.

— реклама —

Заевизмот мора да биде поразен. Колку порано толку подобро за Македонија и за граѓаните. Предвремените парламентарни избори се неопходни час поскоро“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања