Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заевизмот ја честиташе новата година со 15% поскапување на струјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-4

Заевизмот им ја честиташе новата година на граѓаните со над 15% поскапување на струја. Таму кај што Заев застана Ковачевски продолжи со уништување на стандардот на народот. Поскапувањето на електричната енергија за 9,5% плус укинувањето на дневната евтина тарифа значи дека секое домаќинство ќе плаќа повеќе од својот џеб поради неспособноста и неодговорноста на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Доколку имавме домашно производство на струја, какво што немавме поради недомаќинлукот и криминалот на заевизмот, доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите ќе произведуваше домашна струја по цена три до четири пати поевтина од увозната која потоа се земаше за да се покријат потрбите на Македонија од електрична енергија.

— реклама —

За илустрација ова поскапување на цената на електричната енергија пресметано на годишно ниво значи дека секое домаќинство треба да плаќа плус две нови сметки, односно ќе троши 12 месеци, а ќе плаќа колку 14 месеци .

— реклама —

Класичен заевизам беше и евтината дневна тарифа на електричната енергија. Заев ветуваше дека евтината дневна тарифа граѓаните ќе ја користат до влезот во Европската Унија и излажа по кој знае кој пат. Овојпат таа лага на Заев народот ќе ја плати од свој џеб.

— реклама —

Криминалот на заевизмот во енергетиката го ставија енергетскиот систем на колена, а граѓаните ги осиромашија. За ова мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања